САД им порачаа на своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија поради војната во Украина.
Како што наведоа, предупредувањето доаѓа поради ризикот да станат жртви на произволно апсење или малтретирање од страна на руските агенции.
„Американските граѓани кои живеат или патуваат во Русија треба веднаш да ја напуштат земјата. Бидете особено внимателни поради ризикот од притвор. Не патувајте во Русија“, се вели во соопштението на американската амбасада во Москва.
Advertisements
САД повеќе пати ги предупредуваа своите граѓани да ја напуштат Русија.
Последното вакво јавно предупредување беше во септември, по што претседателот на Русија, Владимир Путин нареди делумна мобилизација.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Хрватска: По 80 евра за сите пензионери пред Божик
СКАНДАЛ ВО ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА - Комесар за правосудство перел пари преку игри на среќа
Нема да има промени во евтината тарифа за струја до пролет
ЕВН објави конкурс за студентски стипендии - компанијата нуди еднакви можности и правична ...
Петрушевски: Граѓаните да останат смирени, ова се провидни црни сценарија на СДС и ДУИ за ...