Се појави шуга во продавница на „Зара“ – потрошувачите пријавиле појава на осипи

Поради сомнение за шуга, црногорската санитарна инспекција ќе ја проверува гардеробата во продавницата „Зара“ во Подгорица. Ова за подгоричка „Побједа“ го потврдила Ана Вујошевиќ, директорка на Управата за инспекциски работи.

Според „Побједа“, граѓаните се сомневаат дека од таа продавница добиле шуга, а велат дека откако ја носеле облеката на „Зара“ им се појавил осип на стомакот или грбот.

Advertisements

„Инспекцијата доби иницијатива и е доделена на санитарната инспекција. Кога ќе заврши увидот ќе ја информираме јавноста за констатираната состојба“, рече Вујошевиќ.

„Побједа“ пишува дека во оваа прилика испратила прашања до Институтот за јавно здравје, на кои се чека одговор. Засега, пишуваат, неофицијално е потврдено дека има случаи на шуга, но дека бројката не е невообичаена.