Се урна МиГ-21 во Хрватска, еден пилот се спаси, се трага по вториот

Во Хрватска денеска се урна борбен авион МиГ-21, потврди хрватското Министерство за одбрана.

Едниот пилот бил пронајден откако се катапултирал и се јавил преку радиоврска. Се трага по уште еден пилот, објави Индекс.

Авионот се урнал во ненаселената област Слатина, а како што соопшти Министерството за одбрана, падот се случил за време на планирана вежба.

„Авионот МИГ-21 на хрватското воено воздухопловство за време на закажана тренинг-активност во вторник, 6.12.2022 година, околу 14 часот, се урна во областа кај Слатина во Вировитско-подравинската жупанија. Сите мерки и дејствија беа преземени за да се најде и спаси екипажот“, соопштија од Министерството за одбрана.