Петрит Селими, поранешен министер за надворешни работи на Косово на Твитер реагира на забелешката на новинарот Мајкл Мартенс околу проширувањето на ЕУ и судбината на земјите кандидати за влез во европското семејство.
„Мајкл навистина не се шегува. Верувам дека има 0 – повторете нула – шанси Косово, или некој од нашите соседи (освен можеби Црна Гора, но ниту тие сега, откако Србија со својата тајна служба и политичката црква ја обезбеди политичката имплозија на Црна Гора) некогаш да влезе во ЕУ“, вели поранешниот косовски министер Селими.
Овој став на Селими, претходно го испровоцира познатиот новинар Мајкл Мартенс со мошне лоши прогнози за проширувањето на ЕУ:
„Одлична вест за сите љубители на проширувањето на ЕУ! Одлични вести за Украина, Србија, Абанија и сите други кандидати за пристап во Европската Унија! Доколку пристапните преговори продолжат со сегашното темпо, овие земји би можеле да влезат во ЕУ за помалку од 150 години!“, коментира Мартенс.