Шпанија урива табуа, парламентот во Мадрид направи револуција, жените добија репродуктивна слобода

Парламентот на Шпанија денеска усвои пионерски закон за сексуално и репродуктивно здравје со кој на девојките на возраст од 16 и 17 години им се дозволува да абортираат без согласност од родителите, jавува Ројтерс.

За Законот  со кој се предвидува платено боледување за жените кои страдаат од болни менструации гласале  90 пратеници, 154 биле „против“, а петмина биле воздржани.

Advertisements

Министерката за родова еднаквост Ирен Монтеро изјави дека со новиот закон се обезбедува слобода на сопственото тело и дека се потврдуваат статусот на полноправни граѓани за половина од населението.

Законот не беше прифатен од конзервативните активисти и од Католичката црква.

Новата регулатива предвидува укинување на тридневниот период на „размислување“ за жените кои сакаат да абортираат и се укинува обврската на девојките на возраст од 16 и 17 години да добијат родителска согласност за постапката.

Законот вклучува и платено боледување за жени од 39-та недела од бременоста, бесплатна дистрибуција на менструални производи во јавни институции како што се училишта, затвори и болници, а сурогат мајчинството, кое е нелегално во Шпанија, се дефинира како форма на насилство врз жените.