Штајнмајер: Германско-францускиот предлог за Косово има успех

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер денеска во Скопје изјави дека цела Европска унија има интерес за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово и дека е среќен бидејќи германско-францускиот предлог сега има успех и се прифаќа.

„Што се однесува до односите меѓу Србија и Косово, можам да ви кажам дека цела ЕУ има интерес за нормализација на односите. Затоа беа дадени предлозите. Среќен сум бидејќи германско-францускиот предлог сега постигна успех и се прифаќа”, рече Штајнмајер на заедничката прес-конференција со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

Притоа Штајнмајер оцени дека ова може да ги охрабри засегнатите страни да продолжат да соработуваат на ова поле.

Advertisements

Изјавата на германскиот претседател следуваше како одговор на новинарско прашање за тоа дали мисли дека француско-германскиот предлог е добра почетна точка за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.