Сијарто: „Ние Унгарците никогаш не играме како што другите ни свират“

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, на социјалните мрежи објави фотографии по повод одбележувањето на денот на револуцијата на 23 октомври 1956 година и по тој повод испрати и коментар кој може да се протолкува како порака до Западот.

На фотографиите кои ги сподели министерот за надворешни работи се гледаат бројни згради кои се украсени со унгарски знамиња, а шефот на дипломатијата на оваа земја заедно со фотографиите испрати и порака.

„Ние Унгарците никогаш не играме како што другите ни свират“, вели Сијарто.

Advertisements

Сè уште се актуелни тензиите меѓу Унгарија и Западот, а последната средба меѓу Виктор Орбан и Владимир Путин дополнително ги зголеми тензиите.

Во последните неколку месеци Унгарија стави вето на помошта за Украина на состаноците на земјите од ЕУ, а тие рекоа дека Будимпешта првенствено ќе ги гледа своите интереси во односите со другите земји, особено со Русија, со која има голем број заеднички проекти.