Во трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград беа убиени осум ученици и чувар на школото. Според она што го раскажуваат очевидци се се случило многу брзо, момчето убиец испукало 57 истрели има и ранети, од кои се уште и во критична состојба. Ученик од „Рибникар“ за српските медиуми раскажа што се случило кобното утро.
„Седев во училницата, малку пред крајот на часот слушнав истрел, не знаев што се случува, но мислев дека се петарди. Потоа слушнав друг, па друг. Сите избезумено се погледнавме, наставничката се исплаши, а потоа слушнавме уште неколку истрели и врискање. Сите врескаа, јас се исплашив бидејќи и мојата помала сестра оди во ова училиште, јас трчав по ходникот, мислев дека нешто и се случило“, низ солзи раскажа ученик од „Рибникар“.
Ова дете преживеало пекол додека не ја нашло својата сестра,
„Кога ја најдов помалата сестра се смирив и седнав со неа во училницата, бевме скриени во аголот додека нејзината наставничка не ни рече да бегаме“, раскажа ученикот.