Светската куќа на кошарката ФИБА направи голем кикс и вчера доживеа тежок удар.
На официјалната веб-страница на оваа организација се појави наводно интервју со идниот прв пик на НБА драфтот од Франција, талентираниот Виктор Вембањам, кое подоцна се покажа дека е – лажно?!, пишува Телеграф.
Во бизарен пресврт на настаните, ФИБА на својата веб-страница објави текст со наслов „Ексклузивно интервју, Виктор Вембањама: Последниот прозорец е многу важен“, кој стоеше на веб-страницата неколку дена, пред самиот играч да открие дека нешто не е во ред, пишува Телеграф.
Едноставно се дозна дека новинарот кој го објави ова интервју на официјалната веб-страница целосно го измислил!
„Пред четири дена ФИБА објави лажно интервју со мене… Што по ѓаволите се случува?“ – напиша Вембањама на својот Инстаграм профил.
Многу брзо проговори и ФИБА, која појасни дека навистина се работи за лажно интервју, му се извини на младиот кошаркар и посочи дека новинарот кој го направил наводното интервју бил веднаш отпуштен.
— FIBA Basketball World Cup (@FIBAWC) February 22, 2023