Скандал во најголемиот британски затвор – чуварки имале сексуални односи со затвореници

Осумнаесет жени чувари во затвор добиле отказ поради обвинение дека имале сексуални односи со затвореници.

Сите недозволени врски се случија во ХМП Бервин, најголемиот затвор во Велика Британија.

Врските, како што пренесуваат британските медиуми, се одвивале во изминатите шест години во приватен затвор во Северен Велс.

Advertisements

Една од обвинетите е Џенифер Гаван, која прифатила мито од 150 фунти за да прошверцува телефон во ќелијата на разбојникот Алекс Коксон, а двајцата подоцна биле фатени како разменуваат експлицитни видеа на WhatsApp.

Гаван ја признала вината за недоличното однесување и беше осудена на осум месеци затвор.

Друг е обвинет за сексуална врска со дилерот на дрога Џон Мекги, кој одлежа осум години затвор за предизвикување смрт со опасно возење.