„Скршен сум, не напушти пред неколку часа“ – на 43 години почина синот на познатиот композитор

Еден од најпознатите британски композитори, Ендрју Лојд Вебер, објави дека неговиот најстар син Николас починал на 43-годишна возраст по битка со рак на желудникот, пренесува „Daliy Mail“.

75-годишниот композитор и оскаровец ја сподели тажната вест преку Твитер:

„Скршена сум што можам да соопштам дека мојот сакан најстар син Ник, почина пред неколку часа во болница. Целото семејство е собрано и сите сме целосно уништени“, напиша угледниот композитор.

Advertisements

Да потсетиме, Лојд Вебер неодамна откри дека Николас, кој исто така беше композитор, поради влошената состојба бил префрлен во болница, каде се борел против опасната болест.