Смртта на малата Азра ја крена Турција на нозе – со кој памет спасувачот вклучи камера!

Како што продолжија напорите за пребарување и спасување по катастрофите од земјотресот во Кахраманмараш на 6 февруари, веста за малата Азра ги вознемири сите, пишуваат турските медиуми.

Четиригодишната Азра Дуру која беше извлечена од урнатините во Турција го загуби животот, а спасувачот беше дочекан со критики поради начинот на кој се однесувал со девојчето.

Информацијата за смртта ја потврдија роднините на малечката Азра, јавуваат турските медиуми.

Advertisements

Се наведува дека спасувачот ја вклучил камерата од телефонот и снимал додека самиот го држел девојчето со видливи повреди.

На снимките се гледа дека детето тешко ја држи главата, а внимание привлекоа и повредите на лицето, пишуваат корисници на социјалните мрежи во Турција, коментирајќи дека мажот требал да почека да пристигне брзата помош, a не сам на раце да го носи повреденото девојче.

Причината за смртта на Азра беше објаснета како траума предизвикана од природна катастрофа, тешка повреда, внатрешно крварење, скршеници на левата нога и на десната рака.