Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак повика на „ликвидација“ на иранските фабрики кои произведуваат беспилотни летала и ракети, како и апсење на нивните добавувачи, бидејќи Киев го обвини Техеран дека планира да и испорача на Русија повеќе оружје.
Подољак на Твитер напиша дека Иран „очигледно ја понижува институцијата меѓународни санкции“, пред да повика на уништување на иранските фабрики за оружје.
Киев го обвини Техеран дека ѝ доставил на Москва 1.700 беспилотни летала камикази „Шахед-136“, кои, според него, биле користени за гаѓање цели во Украина од септември. Иран ги негира обвиненијата.
Шефот на украинската разузнавачка во интервју објавено во петокот рече дека Русија веќе лансирала околу 540 беспилотни летала врз воени и енергетски цели во Украина.
Iran, planning to boost missile, drone supplies for Russia, blatantly humiliates the institution of international sanctions…
Important to abandon nonworking sanctions, invalid UN resolutions concept, & move to more destructive tools – liquidation of plants, arrest of suppliers…— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) December 24, 2022