Спасено е 16 годишно момче по пет дена кошмар – спиел со дресот на Фенербахче, солзи радосници во познатиот клуб

Момчето на фотографијата се вика Камилчан Агдаш. Тој преживеа под урнатините во земјотресот во Турција цели 119 часови, а беше пронајден во дрес на својот омилен тим.

Камилчан е навивач на Фенербахче, клубот која сака на овој млад човек кој го преживеа катастрофалниот земјотрес во Турција да му приреди пречек на стадион:

„119 часа подоцна очите ни се полни со солзи, повторно веруваме во чуда. Има многу натпревари до крајот. Камилчан, те чекаме, напиша фудбалскиот клуб од Истанбул на Твитер.

Advertisements

Агдаш спиел во дрес на Фенербахче, кога неговиот град го погоди силен земјотрес, а неговото прво прашање по спасувањето било „кој ден е денес“.

На денот кога жолто-црните од Истанбул требало да одиграат натпревар, неговиот град го погоди разорен земјотрес. Ова 16 годишно момче помина речиси пет дена под урнатините.