Во болницата во Косовска Митровица за РТС е потврдено дека во конфликтот меѓу специјалните сили на косовската полиција и насобраните граѓани се повредени десетина лица, јавува Н1.
Новите тензии избувнаа во северниот дел на Косово претпладнево, а српскиот претседател Вучиќ ја подигна борбената готовност на војската на највисоко ниво и им нареди да се движат во правец на административната линија со Косово.
Сега ситуацијата е малку смирена, но е многу тензична, јави дописникот на РТС.
Александар Арсенијевиќ од Граѓанската иницијатива „Српски опстанок“ изјави дека косовската полиција прво ги нападнала жените, а потоа него и дека директно му испрскале солзавец во очите.
Министерот за одбрана на Србија Милош Вучевиќ предупреди дека настаните на северот на Косово, каде што владата во Приштина ги презеде зградите на локалните самоуправи, не се игра туку ја загрозуваат безбедноста на сите во регионот.
Утрово припадници на косовската специјална полиција ги опколија зградите на локалната самоуправа во, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан, а Срби се собраа пред влезовите во зградите.
Во Звечан дошло до судир меѓу насобраните Срби и специјалците, а се слушнале и истрели пренесуваат репортерите на „Косово онлајн“ кои биле на лице место пред зградата на општина Звечан кога дошло до конфликтот.
Било запалено полициско возило и биле фрлени шок бомби. На терен се и придници на Еулекс.
Неколку српски општини неодамна добија градоначаници од редовите на албанската заедница а косовската полиција соопшти дека им помага да го остварат правото на работа во општинските згради.
ФОТО: Принтскрин