По двата масакри во Србија и најавите на власта дека државата ригорозно ќе се справува со нелегалното оружје, но и со чувањето на легално оружје придонесе во Белград речиси и да нема специјализирана продавница каде што може да се купи сигурносен сеф. Сите во моментов се распродадени, пишуваат српските медиуми.
Списоците на чекање во некои продавници брои повеќе од 50 луѓе. Дневно се јавуваат повеќе од сто заинтересирани. Сите имаат ист одговор – се што беше достапно е продадено, јавуваат српските медиуи.
Законот јасно пропишува дека оружјето мора да се чува во сеф.
„Сефовите имаат посебни фиоки и посебен дел за пиштоли, и двата се заклучени, муницијата би морала да биде во согласност со законот, да се чува одделно во тие фиоки или прегради“, пишуваат медиумите во Србија.
Во Законот за оружје и муниција е дефинирано и пренос на оружје во посебни случаи, а оружјето во сефот мора да се чува на адресата заведена на личната сметка.