Српската полиција откри грозоморни детали за убиството на малата Данка

Српските медиуми јавуваат дека припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија по десетдневна опсежна акција, детални проверки на сите траги и информации, ги приведоа С.Ј.(1974) и Д.Д.(1974), двајцата од Бор, поради сомнение дека го убиле двегодишното девојче Данка Илиќ“, соопштија од министерството.

Оттаму додаваат дека „двајцата осомничени во целост го признале извршувањето на ова кривично дело, а во тек е претрес на теренот за потрага по телото“.

Убијците ја криеле онесвестената Данка во багажникот додека го лажеле татко ѝ велејќи му дека не ја виделе, откри српскиот министер за внатрешни работи Братислав Гашиќ, јавува Блиц.

Advertisements

Српскиот министер за полиција Братислав Гашиќ на прес-конференција изјави дека осомничените вработени во јавното претпријатие „Водовод“ во Бор ја удриле Данка со автомобил и нејзиното тело го фрлиле во депонија. Според него, тие на 26 март биле на службена должност во Бањско Поље.

Како што рече Гашиќ, мајката на Данка дошла на имотот со децата во 13:10 часот. Децата си играле во дворот каде таа ги фотографирала. Во 13:22 часот мајката сфатила дека Данка ја нема. Во 13:41 таа му се јавила на сопругот.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ се обрати до јавноста во врска со убиството на Данка Илиќ

-Злосторството извршено врз малата Данка длабоко ја потресе цела Србија. Моето најдлабоко сочувство до семејството на малата Данка. По десетдневна потрага, припадниците на МВР ги уапсија С.Ј и Д.Д., кои се сомничат дека со својот автомобил ја удриле и ја убиле Данка, а потоа нејзиното тело го фрлиле на депонијата – рече министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, кој истакнува дека и двајцата го признале и детално го опишале делото.

– Според сите информации што ги имаме, ќе ви дадам ретроспектива. Мајката Ивана Илиќ со децата дошла од Бор во 13 часот и 10 минути. Таа си играла со децата и ги фотографирала. Таа му испратила фотографии на сопругот во 13:22 часот. Синот и побарал вода, а таа за неколку минути сфатила дека Данка ја нема и му се јавила на сопругот во 13 часот и 51 минути, а полицијата пристигнала во 13 часот и 59 минути – изјави министерот Гашиќ.
Во 18 часот и 57 минути е активиран системот „Најди ме“, потсетува министерот Гашиќ.

-Детално го следевме движењето на мајката, и на сите можни лица кои поминле по истата рута. Проверувавме и кога е направена фотографијата. Тоа беа важни фактори за да добиеме информации колку долго детето било надвор од видното поле на мајката. Како функционира системот „Најди ме“ беше објаснето неколку пати и зошто не се активираше веднаш. Минатата година имавме над 600 пријави за исчезнувања, а најмногу од децата се наоѓаат во рок од неколку часа – истакна Гашиќ.

Тој додава дека Данка излегла од дворот и се движела по асфалтот.

-Околу 13 часот и 50 минути мајката видела машко лице покрај бело возило “фиат панда“ во кое биле осомничените. Рекле дека биле на работна задача во Бањско поле, да проверат шахта. Нивните движења биле снимени на камера. Подоцна е снимено дека возилото застанало на капијата околу 13 часот и 50 минути. Возилото во кое се превезувале С.Ј и Д.Д., околу 2 и пол минути било пред капијата, застанале бидејќи им бил потребен тоалетот. Потоа тргнале, и го удриле девојчето на 30-40 метри од местото за застанување. Автомобилот го управувал Д.Д., а телото на девојчето С.Ј го префрлил преку алатот во багажникот. Тие се договориле да го фрлат телото на девојчето. Во 13 часот и 57 минути ги запрел таткото на девојчето и прашал дали го виделе девојчето, на што тие одговориле негативно – рече министерот.

Потоа со автомобил се упатиле кон депонијата и телото на девојчето го фрлиле во депонијата.

– За монструозноста говори и тоа што на повик на директорот на Водовод, Д.Д отишол да го бара девојчето во Бањско поле свесен дека ја убил. Тој ден на територијата на Бањско поле влегле 17 возила, а од Бањско поле излегле само две, додека не дошла полицијата и не ги блокирала патиштата. Ова е важно бидејќи беше симптоматично што на 150 метри од местото каде што застанале во дворот на семејството Илиќ, тие 150 метри ги поминувале пет и пол минути. Како што знаеме, тие биле на депонијата една минута и 41 секунда – изјави Гашиќ.

Министерот за полиција рече дека со сите можни служби и средства повеќе пати е пребарана целата област.

– Секоја куќа во Бањско поле беше посетена од наши оперативци, проверена е секоја визба, шахта и замрзнувач. Истрагата тргна во три правци. Не можевме да отфрлиме киднапирање, дека детето е кај некого и дека е живо. Разговаравме со мајката неколку пати. Дали ни беше чудно што после три години мајката дошла во дворот каде имаше многу стакло и железо, така беше. Но, моравме да ги добиеме сите информации за потребите на истрагата – рече тој.

Тој вели дека полицијата направила се што било предвидено во истрагата, а на терен биле неколку стотици припадници на сите служби на МВР.

Тој се заблагодари и на австриската полиција и на Интерпол, како и на другите полициски служби во Европа.