Стефан и Лазар беа другари од деца, ги раздели кобното селфи – нема утеха за семејствата по страшната трагедија

Тие беа пријатели од најраното детство, од соседството, страшно е што се случи, вели братучедот на Стефан Љ., кој бил повреден при пад од бедемот на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, додека неговиот пријател Лазар загина, пишува српски Блиц.

Тој додава дека е загрижен за здравјето на Стефан, а градот е во неверување поради се што се случило.

Лазар Ѓ. од Параќин загинал утринава околу пет часот кога фотографирал од бедемот на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, додека Стефан Љ. е повреден при падот и неговата состојба е сериозна, но стабилна.

Advertisements

Како што неофицијално дознава „Блиц“ и двајцата млади биле на ергенска веселба.

„Стефан е во роднинска врска со мене, но го познавам и Лазар. Тие се добри луѓе, без ниту еден лош збор. Тоа што се случи е страшно. Стефан води бутик, а Лазар работел во ЕПС. Се знаат од детство, тоа ни се соседи. Заедно одеа и во основно училиште, мислам“ – вели братучедот на Стефан видно потресен.