Столтенберг: Земјите од НАТО треба да ги зголемат трошоците за одбрана

За време на летниот самит во Вилнус, земјите од Северноатлантската алијанса може да си постават „поамбициозна“ цел поврзана со трошоците за одбраната.Ова го објави „Велт“ повикувајќи се на генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг.

„Тргнувам од фактот дека на самитот на НАТО, што ќе се одржи во јули годинава во Вилнус, ќе се појави нова цел за трошоците за одбраната“, објасни генералниот секретар.

Според него, трошоците за одбраната и оваа програма треба да се ажурираат.

Advertisements

„Но, претпоставувам дека ќе зборувам за поамбициозна цел од досега, бидејќи сите гледаат дека треба повеќе да инвестираме“, додаде генералниот секретар на Алијансата.