Страотна несреќа во Србија однесе пет животи, загинаа татко, три деца и девојка на 27 години

Пет лица загинале денеска околу 13 часот и 10 минути во тешка сообраќајна незгода кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка. Во сударот учествувале патничко возило и борбено возило „ПАСАРС“ на српските вооружени сили.

Во патничкиот автомобил имало три деца, мајка и татко, и уште едно женско лице објавија српските медиуми.

Advertisements
Откриен е и идентитетот на жртвите – Данијел Лазовиќ (33) и неговите три деца на возраст од десет, седум и една година, како и нивната сосетка Дијана Кутлачиќ (27).

Според директорот на Општата болница во Краљево, Зоран Мрвиќ, лекарите се борат за живот на едно лице. Подоцна медимите објавија дека станува збор за мајката.

„Едвај ме извлекоа од колата. Бев под камионот повеќе од еден час, вела и два. Камо среќа да не ме извлекоа!
Вака низ солзи за српските медиуми зборува Мирјана Лазовиќ, сопругата на Данијело Лазовиќ, кој вчера со трите деца и сосетката загина во тешката сообраќајна несреќа кај Рашка.

– Бев патник, сите се изненадени како останав жива. Ај мајко, има ли Господ?! Не сигурно кога ги зеде Дано и децата. Каков ќе ми биде сега животот без нив, сега не ми треба. О, Дано, не се договоривме вака… се договоривме да се подготвиме за славата… Ах, што ќе ми биде сега животот без нив“ – заплака мајката која во секунда ги загуби трите деца и сопругот.

Министерството за одбрана соопшти дека борбеното возило на Војската на Србија се движело во правец на Рашка и било во колона под придружба на воената полиција.

Според српските медиуми наводно возачот на армиското борбено возило имал алкохол во крвта.

Мајката која ја преживеа оваа страотна несреќа за српските медиуми раскажа дека борбеното возило одело дирекно на нивното, вели „како да сакаше да не убие“. Нејзиниот сопруг се обидел да го избегне, но не успеал, возилото се движело на сред патот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)