Страотна смрт: Кучиња скитници го искасаа српскиот новинар Владан Радосављевиќ, сопругата се бори за живот

Српскиот новинар и аналитичар Владан Радосављевиќ (62) почина откако го искасалe кучиња скитници во селото Велика Иванча во општина Младеновац.

Како што јавуваат српските медиуми, во нападот на кучето е повредена и неговата сопруга Олга (58), која се обидела да му помогне. Таа со лекари од Итна помош била пренесена во Ургентниот центар и е во тешка состојба.

Advertisements

Владан Радосављевиќ е роден во Белград, завршил гимназија во Баново брдо, па драматургија на Факултетот за драмски уметности. Работи во „Студио Б“ од средината на осумдесеттите. Прво на радио, а потоа, од неговото основање, на телевизија.

Тој беше водител на првиот ТВ дуел во српските медиуми, во 2002 година, меѓу претседателските кандидати Мирољуб Лабус и Воислав Коштуница.

Со години работеше во белградскиот медиумски центар, извесно време како директор.

Се занимавал со обука на студенти за работа телевизиски новинар, со години соработувал со продукциската група Мрежа. Две години беше главен уредник на „Телевизија Банат“ од Вршац, како и соработник на Телевизија Шабац.