Судот одлучи дека Харви Вајнштајн е виновен за силување и сексуален напад

Врховниот суд во Лос Анцелес, САД, го програласи поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн за виновен за силување и сексуален напад

Поротата го прогласи Вајнштајн за виновен за силување, принуден орален однос и сексуална пенетрација со туѓ предмет, за што една жена го обвини. Обвиненијата на втората жена беа отфрлени.

Поротата не можеше да донесе пресуда за две обвиненија, вклучувајќи го и силувањето на сопругата на демократскиот гувернер на Калифорнија, Џенифер Сибел Њусом, која рече дека на судењето била позната како Џејн До 4.

Advertisements

За време на двомесечното судење, поротата во презентацијата на обвинителството можеше да слушне како Вајнштајн го користел своето влијание за да ги намами жените на приватни состаноци пред да ги нападне.

На Вајнштајн му се заканува затворска казна до 18 години по точките за кои е осуден, но отежнувачките фактори може да го зголемат тоа на 24 години.

Поранешниот филмски продуцент веќе отслужува 23-годишна затворска казна откако беше осуден за силување во Њујорк.

Вајнштајн се соочи со седум обвиненија за силување и сексуален напад на четири жени меѓу 2004 и 2013 година на судењето во Лос Анџелес.