Свеќи и барбики за малата Данка, срце да ти препукне – потресни слики од Бор, граѓаните се простуваат од убиеното девојче

Во Бор, Србија граѓаните од вчера палат свеќи и оставаат играчки за малата Данка, двегодишното девојче за кое по десетдневна потрага вчера стаса најтажната вест дека е убиена.

„Ништо не беше организирано, почна спонтано, почнаа да доаѓаат граѓани и да ја изразуваат својата тага поради смртта на девојчето. Се палеа свеќи, немаше гужва, но оставаа играчки, свеќи, барбики за Данка“, пишува Н1.

Граѓаните, се потресени од оваа голема трагедија и се прашуваат како сето ова можело да се случи, бидејќи почнало од некаков сообраќаен инцидент. Не можат да поверуваат како двајца 50-годишни мажи довеле до ваква ситуација, која сега се карактеризира како тешко убиство, додека возеле 20 километри на час, го усмртиле малото девојче, а нејзиното тело го фрлиле на депонијата.

Advertisements

Инаку, како што јавува српска Н1, во Бањско Поље продолжува интензивната потрага по телото на Данка Илиќ. Бројни полициски сили се на терен, а центарот на потрагата е на депонијата, за која министерот Братислав Гашиќ рече дека еден од уапсените ги донел на местото и рекол дека таму го фрлиле телото на Данка.

Граѓаните од околината на Бањско Поље велат дека додека траела потрагата биле изложени на постојан терор од јавноста.Репортерот на N1 потсетува дека вчера се појавила погрешна фотографија од еден од уапсените, па неговото семејство неправедно се нашло  на удар на јавноста.