„Таа е херој и војник на Господ, застана пред убиецот за да спаси други деца“ – погребана ќерката на српскиот одбојкар

Е.К. (14), ќерка на легендарниот одбојкар и одбојкарски тренер Драган Кобиљски, која загина на 3 мај, кога четиринаесетгодишното момче Коста Кецмановиќ (13) почна да пука во своите другари и учителка во „Владислав Рибникар“, основно училиште, денеска беше погребана на централните гробишта.

Владиката Иларион, како што пренесе порталот Блиц, одржа погребение и говор, во кој истакна дека Е.К. (14) на кобниот 3-ти мај храбро му се спротивстави на момчето-убиец Коста Кецмановиќ (13) и на тој начин спаси многу деца.

„Порфириј се моли за нашите деца. Денеска ми е исклучително тешко да зборувам. Од оваа мака и болка се молиме Господ да им даде сила на родителите, да продолжат да живеат за Ема. Таа е војник и херој Христов и не случајно паѓаат најдобрите, за да можеме да продолжиме да живееме поради нивната жртва. Треба да се молиме и за момчето и за неговата несреќна душа. Таа застана на патот на злото што беше во тоа несреќно момче и рече:

Advertisements

„Зошто го правиш тоа, престани“, и даде време да се спасат некои деца. Кога ќе се сретнеме во другиот свет, ќе кажеме благодарам што не бранеше и заштитуваш. Исто како Драган за кој велат дека бил чувар во тоа училиште“, рече свештеникот.