Таткото на девојче што почина во ОУ „Владислав Рибникар“, Слободан Негиќ, во емисијата „Утисак недеље“ на телевизија „Нова С“ изјави дека по враќањето во училишните клупи, само неколку дена по злсоторството, некои деца на психотерапија „слушале народна музика“ и во присуство на терапевт се поврзувале со „духовите и душите“ на своите убиени другарчиња“.
„На таа мрачна психосеанса што ја одржала д-р Ранка Радуловиќ, со знаење на директорката на училиштето, на децата им пуштала народна музика и им порачала дека треба да се поврзат со духовите и душите на нивните загинати другарчиња. Нема кој може да објасни како се случило тоа. Ова беше без знаење на родителите, девојчето дојде дома расплакано, трауматизирано, рече дека биле на сеанса, рече дека е одвратно“, изјави таткото на убиено девојче во масакрот од 3 мај во Белград.
Тој додаде дека денеска бил на состанок на родителите на убиените деца и претставници на сите надлежни институции на Србија и дека прашал која е д-р Ранка Радуловиќ, а никој од присутните не знаел која е таа.
„Исто така, се појави конфузија кога на состанокот го изнесов ова сознание“, рече Негиќ.
Тој објасни и дека д-р Ранка Радуловиќ е вработена на невропсихијатриското одделение на КБЦ и е испратена од Министерството за здравство, како некој што треба да им помогне на децата и на родителите во оваа тешка ситуација.
Негиќ рече дека ќе ги искористи сите законски средства „докторката никогаш повеќе да не работи“ и наведе дека во извештајот пишувала дека има напредок кај децата во работата со терапевтот. Директорката во еден дел напишала дека „на почетокот имало одредени проблеми во комуникацијата меѓу децата и терапевтите, но овие проблеми биле надминати и се воспостави континуитет на психотерапевтска помош“.
Целиот напис може да го прочитате тука.