Таткото на осомничената Ева Каили ги сокрил куферите со пари во нејзиниот дом

Поранешната потпретседателка на Европскиот парламент Ева Каили, наводно признала дека побарала од нејзиниот татко Александрос да сокрие значителна сума пари во нејзиниот дом.

Оваа информација ја пренесува весникот France soir  кој наведува дека дека грчката пратеничка откако беше уапсена се наоѓа во женскиот оддел на затворот во белгискиот град Харен поради обвинение за корупција.

Италијанскиот весник „Ла Република“ во извештај на својата веб-страница објави дека грчката европратеничка пред белгискиот обвинител Мишел Клез признала дека знаела за активностите на Италијанецот Антонио Панцери, но и за куферите со парите.

Advertisements

„Обвинетата признава дека му наложила на нејзиниот татко да ги сокрие парите“, цитира весникот фрагмент од налогот за нејзино апсење подготвен од истражниот судија Мишел Клез.

Се очекува Ева Каили ќе биде изведена првпат пред белгискиот суд во четврток 22-ри декември.

Според France soir Александрос Каилис бил приведен истиот ден кога била спроведена големата антикорупциска акција на белгиската полиција откако бил откриен дека се крие во бриселскиот хотел „Sofitel“ полн со готовина.

Познато е дека белгиската полиција во претресите на 9 декември на повеќе од 16 локации заплени над 600.000 евра во готовина, како и многу компјутери и мобилни телефоните.

Обвинетите се теретат за учество во криминална организација, перење пари и корупција.

Белгиското обвинителство соопшти дека со месеци имале сомневање и следела дека една земја од Персискиот залив се обидува да влијае врз носењето одлуки во Брисел.