Тажната вест ја потврдија и неговите соработници
Раперот и пејач Конрад Томпсон, познат како MC Konrad, кој ги ширеше звуците на „drum and bass“ во текот на деведесеттите, почина на 52-годишна возраст.
Тој остави неизбришлива трага во светот на D&B музиката.
Оваа вест растажи многумина, а неговата агенција ги потврди тажните вести.
– Еден од најпрепознатливите и најсаканите гласови во D&B, остава зад себе ненадминато наследство – велат од неговата агенција „Клиник талент“.
Сепак, причината за смртта се уште не е позната, пишува „Гардијан“.