Театарот во Милано го откажал настапот на познатиот балетан – имал тетоважи на Путин

Tеатарот „Арчимболди“ во Милано го откажал настапот на балетанoт Сергеј Полунин затоа што имал тетоважи на рускиот претседател Владимир Путин.

Тој требало да настапи во овој театар на 28. и 29. јануари, а на веб-страницата на театарот објавија дека решиле да ја откажат неговата изведба на балетот по бројните реакции на социјалните мрежи. Ваквата одлука ја донеле, како што велат, од политичка и морална одговорност.

Ројтерс објави дека балетската претстава „Rasputin – Dance Drama“  требаше да се изведе во 2019 година, но е одложена.

Advertisements

Сергеј е поранешен директор на Кралската опера во Лондон.

Роден е во Украина, а руско државјанство добил во 2018 година. Овој септември тој изведе танц во воена униформа за паднатите руски војници во Узбекистан. Узбекистанските власти тогаш изјавија дека тој отстапил од договорената програма.