Трагедија ја потресе фудбалската јавност во Германија – двајца фудбалери загинаа во сообраќајна несреќа

Тажна вест пристигнува од Германија, каде пет лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Карлсруе.

Од петте, четворица се фудбалери на локалниот клуб Алеманија Егенштајн.

Како што е потврдено, меѓу четирите жртви имало и двајца фудбалери, физиотерапевтка и поранешен фудбалер, сите биле на возраст од 25 до 29 години.

Advertisements

Официјално се огласи и фудбалскиот клуб.

„Алеманија Егенштајн е длабоко тажна поради загубата на нејзините активни фудбалери Дани Цимерер и Тим Палушко, физиотерапевтката Леони Буркарт и поранешниот фудбалер Филип Домер“.

Како што се соопштено, 25-годишниот возач изгубил контрола над возилото, по што се судрил со такси и излетал од патот.