Трагично заврши потрагата по младиот Игор – пред да исчезне напишал порака до другарите на Инстаграм

Телото на Игор Манојловиќ (22), кој исчезна во неделата наутро во Ваљево, е пронајдено во населбата Пети пук.

Како што неофицијално дознава Курир, младиот човек се самоубил со бесење.

„Она што го знаеме е дека исчезнал утрото сабота кон недела, околу 6 часот наутро. Им испратил порака на пријателите: „Каде сте, спиете?“, а после тоа му се губи секаква трага“, изјави денеска за „Блиц“ Марија, сестрата на исчезнатиот млад човек.

Advertisements

Како што дознава Блиц, Игор утрото објавил и слика на Инстаграм, по што му се губи трагата.

„Беше дома, вечерта седеше пред зграда со другарите, па влезе внатре, а потоа отиде во пекара и јадеше. Во меѓувреме се пресоблече и повторно излезе надвор. Оттогаш не бил виден“, изјавила Марија.