Трамп ги суспендира нападите на Иран, се очекува отворање на Ормускиот Теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека се согласил на двонеделно примирје со Иран, пренесува „СиЕнЕн“.

Ова соопштение доаѓа непосредно пред истекот на рокот кој претходно Трамп го постави за можни масовни воени напади.

Според неговата објава на Truth Social, прекинот на огнот е условен со целосно, итно и безбедно отворање на Ормускиот Теснец, клучна поморска рута за глобалниот транспорт на нафта.

„Врз основа на разговорите со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф и генералот Асим Мунир, во кои тие пoбараа да ја одложам разорната сила што беше испратена вечерва кон Иран, и под услов Иран да се согласи на целосно, итно и безбедно отворање на Ормускиот Теснец, се согласувам да го суспендирам бомбардирањето и нападите врз Иран во период од две недели. Ова ќе биде двострано примирје!“, објави Трамп.

Овој период треба да овозможи финализирање на мировен договор кој би довел до траен мир со Иран и поширока стабилизација на Блискиот Исток