Трамп ќе се врати на Фејсбук и Инстаграм – „jавноста треба да може да слушне што зборуваат политичарите“

На поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе му биде дозволено да се врати на Фејсбук и Инстаграм, откако Мета објави дека ќе стави крај на двегодишната суспензија на неговите профили.

Компанијата Мета, која ги поседува двете социјални платформи, објави дека суспензијата на сметката на поранешниот американски претседател ќе истече во наредните недели.

Во соопштението се наведува дека „јавноста треба да може да слушне што зборуваат политичарите“, пренесува Би-би-си.

Advertisements

Сметките на социјалните мрежи на Трамп се суспендирани на неодредено време, откако тој ги пофали инволвираните во немирите во јануари 2021 година во американскиот Капитол.

Во изјавата на Мета се наведува дека прегледот покажал дека статусите на Трамп повеќе не претставуваат сериозен ризик за јавната безбедност.