Трамп: САД треба да престанат да трошат стотици милијарди долари за поддршка на Украина

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на митинг со неговите поддржувачи во Флорида зборуваше за тоа како Соединетите Американски Држави(САД) треба да престанат да трошат милијарди долари за поддршка на украинската влада.

„Милијарди, стотици милијарди долари не треба да се прелеваат во Украина. Неопходно е веднаш да се реши конфликтот“, рече Трамп.

Исто така, Трамп рече дека конфликтот во Украина ќе го реши за 24 часа.

Advertisements

„Мислам дека би можел да го решам тоа прашање за 24 часа. Понатамошното одлевање пари значи одложување на разрешувањето на ситуацијата. Тоа одложува многу работи, но води и до тоа да се убиваат повеќе луѓе секој ден. Тој конфликт би можел да го решам за еден ден“, изјави поранешниот американски претседател.

Трамп зборуваше и за тоа како руската инвазија на Украина немаше да се случи доколку неговата администрација беше на чело.

Трамп вети дека, доколку биде избран за претседател, ќе го покани рускиот лидер Владимир Путин, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски, да се сретнат и да го решат конфликтот.