Тренерот на Хајдук има четири деца и на сите имињата им почнуваат со иста буква

Мислав Кароглан, до скоро тренер на фудбалерите на Хајдук, доби близнаци. Миле и Марија дојдоа на свет, а семејството на Мислав и неговата сопруга Томиславa веќе имаaт два сина, Матеј на пет години и Миро на две години. И имињата на сите почнуваат со иста буква, пишува Слободна Далмација.

Откако Хајдук се раздели со Валдас Дамбраускас во септември минатата година, Кароглан го презеде тимот. Во вкупно 12 лигашки и куп натпревари, Хајдук на Кароглан беше непоразен.

Под негово водство „белите“ забележаа шест победи и четири нерешени во десет првенствени натпревари и уште два триумфа во купот.

Advertisements

Кароглан по заминувањето од тренерската функција, каде што беше заменет со Иван Леко, остана во Хајдук на советничката позиција.