Три девојчиња ранети во масакрите во Србија се во критична состојба

Министерката за здравство на Србија Даница Грујичиќ денеска изјави дека двете девојчиња кои беа ранети кај Младеновац и Смедерево се во критична состојба, а во критична состојба е и девојчето повредено во нападот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

„Што се однесува до повредените во престрелката кај Младеновац и Смедерево, кои се во клиничкиот центар, две девојчиња се уште се во животна опасност. Девојката која имаше повреда на главата, иако постоперативниот скенер е навистина одличен, за жал и е оштетено левото око, куршумот останал таму. Таа се уште е под седативи, па не можеме целосно да ја процениме нејзината состојба додека не почнеме да ја будиме“, вели Грујичиќ.

Критично е и девојчето кое имаше повеќе абдоминални повреди, додава таа, посочувајќи дека денеска ќе и биде извршена нова интервенција.

Advertisements