Во селото Дубона, близу Младеновац денеска се погребани полицаецот Милан П. и неговата сестра Кристина, двете жртви во злосторството кое го изврши Урош Блажиќ.
Во вечното почивалиште ќе биде испратен и нивниот пријател Далибор Т., кој беше убиен во масакрот.
Претесно беше во кругот на црквата и на гробиштата во селото, освен блиските на семејството, жителите од Дубона, на погребот дојдоа и голем број полицајци, колеги на убиениот Милaн П.
„Во време кога целиот православен свет слави радост, нашата земја, овие села, овде и во Белград, се во тага. Тага што само браќата и сестрите со вербата во Бог може да ја разберат. Oжалостени семејства, браќа и сестри, не знам што да ви кажам. Јазикот ми пелтечи, каков утешен збор да ви кажам. Свесен сум дека секој мој збор денес е блед во споредба со вашата болка, со вашата тага поради разделбата од најмилите. Единствено што можам да ви кажам е да ја зајакнете вербата во Господ“, им рече свештеникот на присутните на погребот.
Вчера во селото Мало Орашје кај Младеновац, каде Урош Блажиќ (21) на 4 мај со калашников уби седум млади момчиња и една девојка, беа погребани пет жртви – М.М.(18), Н.М.(15), Л.М.(20) , Н.С.(19) и А.М.(17).
Исто така, беа погребани и жртвите на Коста Кецмановиќ (14), кој во средата во училиштето „Владислав Рибника“ уби девет лица, а рани шестмина.
Во Србија вчера беа погребани 10 жртви на два страотни масакри.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
(ВИДЕО) „Свето Пивара ќе добие 2,4 милиони евра за улица која не постои“ - Левица бара одг...
Оланд: „Трамп не подготвува мир, туку капитулација на Украина“
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ - Илон Маск го исмејува Зеленски