Турција планира да изгради 73.972 куќи во регионот на земјотресот

Министерот за животна средина, урбанизација и климатски промени Мурат Курум најави дека ја започнале изградбата на 855 куќи што ќе ги изгради во областите Нурдаги и Ислахије во Газиантеп од страна на Управата за развој на домување (ТОКИ), додавајќи дека ќе изградат вкупно 73.972  куќи во зоната што беше погодена од земјотресот, пишува турскиот весник Хуриет.

По катастрофата од земјотресот што зафати 10 провинции околу Кахраманмараш, властите брзо започнаа со изградба на нови станови за граѓаните што го преживеаја земјотресот.

По завршувањето на техничките детали како што се проектните документи и теренските студии, беа потпишани договори за соодветни површини и започна изградбата.

Advertisements

„Ќе изградиме 73.972 селски куќи во процесот на реконструкција на зоната на земјотресот. Ќе ги изградиме нашите безбедни куќи со нивните плевни и градини, зачувувајќи ја архитектурата единствена за регионот“, пренесе Хуриет.

Тој, исто така, рече дека ќе ги градат новите градови, а ќе ги испорачаат новите куќи на сопствениците по шест месеци.