Убиецот од Младеновац пред обвинител го открил мотивот за злосторството

Урош Блажиќ (21) денеска бил на распит во Вишото јавно обвинителство во Смедерево каде го признал делото за кое се товари, дознава „Блиц“.

„Тој призна дека го извршил масакрот, наведувајќи дека со автоматска пушка и пиштол на три локации на територијата на Смедерево и Младеновац пукал во неколку лица кои биле во групата, а кои не ги познавал, за да го исплаши населението од споменатите населени места“, пренесе „Блиц“.

Вишото јавно обвинителство во Смедерево, пренесе агенцијата Бета, побарал од Судот да му одредени притвор од 48 часа на осомничениот за да биде сослушан.

Advertisements

Во соопштението на Обвинителството во Смедерево се наведува дека приведениот е осомничен дека со автоматско оружје во доцните вечерни часови и во текот на ноќта уби осум лица и повреди 14 лица на територијата на Смедерево и Младеновац.

Обвинителството соопшти дека во просториите што ги користел осомничениот е пронајдено поголемо количество оружје и муниција, а при бегството се заканил дека ќе го убие таксистот и го принудил да го одвезе до село во близина на Крагуевац, каде што бил пронајден во утринските часови на 5 мај во куќа, сопственост на неговиот вујко.

Од Обвинителството во Смедерево наведуваат дека врз основа на досега преземените доказни дејствија и прибрани информации од граѓани, постојат основи на сомнение дека приведениот е одговорен за кривичните дела убиство, недозволено поседување оружје и експлозивни материјали, како и киднапирање, пренесува српската новинска агенција Бета.