Убиецот од Младеновац се криел кај вујко му, цело семејство е уапсено

Целото семејство кое го засолнило масовниот убиец од Младеновац, Србија е уапсено, а како што се наведува Урош Блажиќ бил внесен во куќата бидејќи се подготвувале за слава, пишува „Новости“.

Тој утрово беше уапсен од Специјалната антитерористичка единица (САЈ).

Според изјавите од жителите на селото за српските медиуми, тој се криел кај вујко му.

Advertisements

Жителите на Вињишта велат дека во текот на ноќта ништо не забележале. Само утрово слушнале на вестите.

„Не се опоравивме од тоа што се случи во училиштето, се случи нов масакр. И тоа кај нас. Знам само дека е уапсен кај вујко му. Тоа е едно семејство домаќини, богати. Не го познававме тој млад човек, ретко доаѓаше“, вели жител на селото.

Поради интензивната акција на српската полиција која цела ноќ беше на терен со сите расположливи сили, по осум часа убиецот е пронајден во Вињиште кај Крагуевац.