Осомничениот Урош.Б. е уапсен во близината на Крагуевац, јавуваат српските медиуми.
Тој е осомничен дека синоќа со огнено оружје убил осум лица и ранил 14 лица. Најмладата жртва има 15 години
Медиумите во Србија пишуваат дека осомниченото момче било во училишниот двор со другарите, и по расправија со нив се упатил кон својот дом. Се претпоставува дека тогаш земал автоматска пушка и го започнал крвавиот поход.
Напаѓачот од автомобил во движење, за кој се претпоставува дека претходно го украл, пукал во случајни минувачи, првично убил три лица – две машки и едно женско, а ранил девет. Убиен е полицаец кој не бил на должност но се обидел да го спречи, а убиена е и неговата сестра.
Бегството на напаѓачот се одвивало низ две села и во таа прилика застрелал 18 лица. Со автоматска пушка пукал во деца, млади и жени.
Според првичните информации драмата започната во селото Дубона, а потоа напаѓачот пукал и во Мали Орашје и селото Шепшин кај Младеновац.
Околу 600 специјалци биле ангажирани за потрага по напаѓачот. Министерот за полиција Братислав Гашиќ изјави дека станува збор за терористички чин. Дваесет и едногодишниот млад човек се сосомничи за масовно убиство.
Како што објавивме претходно, тој е син на воено лице. Српските медиуми објавија дека претходно напаѓачот не бил осудуван, но имал пријави за кражби и за насилство.
Ова е втора трагедија за два дена што ја потресе Србија по трагедијата во основното училиште во Белград.