Убиен е светскиот шампион во џиу-џицу

Повеќекратниот светски шампион во џиу-џицу, Видади Марданов (32) е убиен во вчера вечерта во Дагестан, јавуваат руските медиуми.

Марданов истовремено бил и претседател на NFC MMA граплинг лигата и бил убиен со пиштол околу четири часот наутро.

Марданов излегол од својата куќа да разговара со некого, но во текот на разговорот две лица го застрелале и побегнале.

Advertisements

„Човекот бил повикан на пресметка, а кога излегол го застрелале и побегнале“, ги пренесуваат локалните медиуми зборовите на нивниот извор од полицијата.

Полицијата брзо пристигнала на местото и пронашла тело на маж како лежи на улица. Набрзо ги идентификувале напаѓачите, а според медиумите станува збор за Тимур Асадом (27) и Абдумислим Муртазалиев (23).