Убиено седумгодишно дете во Загреб во напад на училиште, наставничка се бори за живот

Според новите детали кои ги соопшти хрватската полиција напаѓачот во основното училиште „Пречко“ во Загреб, кој утрово со нож повреди наставничка и неколку деца, при што едно дете почина, е 19-годишен хрватски државјанин.

Во полициското соопштение се наведува дека во болниците се примени петмина повредени, од кои три деца и двајца возрасни. Напаѓачот е под полициски надзор.

Минисерката за здравство на Хрватска, Ирена Хрстиќ изјави дека е згрозена од нападот. Таа изрази сочувство до семејството на починатото дете, а за повредените рече дека се пренесени во болница и во овој момент сите се надвор од животна опасност.

Advertisements

ХРТ објави дека децата кои заминувале на појадок виделе крв низ ходникот и млад човек како тепа момче, при што настанала паника и почнале да бегаат. Младиот човек потоа влегол кај учениците од прво одделение. Таму најверојатно избодел неколку ученици. Потоа истрчал од училиште и побегнал во блискиот Здравствен дом, каде се заклучил во тоалетот и се обидел да се самоубие, а полицијата го спречила.

Утрово 19-годишникот со остар предмет повреди наставник и неколку ученици во образовна институција во Загреб. Едно дете загина. Напаѓачот е под полициски надзор, а на повредените им е укажана лекарска помош, соопшти полицијата претходно денеска.