Ученикот кој утрово во Белград нападна и уби осум ученици и чувар на училиште го вперил пиштолот кон сите во ходникот од училиштето, по што настанала општа паника.
Ова го раскажуваат негови соученици кои велат дека тој лани бил малтретиран од врсниците, по што годинава бил префрлен во друго одделение, каде исто така бил жртва на врсничко насилство.
„Слушнав пукање, некои ученици веднаш излегоа во ходникот да видат што се случува. Прво помислив дека нешто се слуша надвор. Сите почнаа да врескаат, настана општа паника, сите трчаа. Кога излегов го видов него, дојде и ни го впери пиштолот на сите нас“, низ солзи изјави за „Блиц“ еден од учениците.
Татко на девојче кое за време на пукањето истрчало од училницата вели дека таа му рекла дека тоа е нивен соученик кој бил одличен ученик. Според ова сведоштво, ученикот со студен израз на лицето влегол во училницата и почнал да пука.
„Ќерка ми беше во тој клас, беше во училницата каде тоа момче ги испука првите истрели кон учителката, а потоа почна да пука во децата кои беа под клупите, а моето дете истрча надвор, изјави овој татко за Н1“, додавајќи дека тогаш имале час по историја
Засега, од српското МВР познато е дека во нападот се загинати 9 луѓе, од кои 8 деца и еден возрасен, за кој се наведува дека е обезбедувањето во училиштето.