Украина во шок по веста дека Америка ја запира воената помош

Олександр Мережко, украински пратеник од партијата на претседателот Зеленски, рече дека е „шокиран“ од веста дека Соединетите Држави ја запираат воената помош за Украина, јави Макфакс.

Говорејќи за „Њуздеј“ на Би-би-си, тој рече:

„Она што се случува е неверојатно. Ниту во моите најлоши кошмари не можев да замислам дека Трамп може да ја спречи воената помош за Украина во време кога ни е најпотребна“.

Advertisements

Мережко смета дека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да ги турка Украина и Европа настрана за да постигне договор со Русија.

„Мислам дека господинот Трамп треба сериозно да размисли како ќе остане запаметен во историјата. За мене ова е ден кој ќе остане во историјата како срамен“, заклучи тој.