Германски „Билд“ пишува дека украинската тајна служба во неделата се обидела да изврши убиство на рускиот претседател, Владимир Путин со дрон камиказа. Иако обидот за атентат беше неуспешен, сепак, руските власти го држат во тајност.
Дронот УЈ-22 полета од Украина во неделата попладне. Важи за најмодерен украински дрон со среден домет до 800 километри. Негова цел била новоизградениот индустриски парк во близина на Москва, на 500 километри од Украина, пишува „Билд“.
Украинскиот активист Јуриј Романенко, за кого се тврди дека има блиски врски со киевските разузнувачки служби, го наведе тоа во писмо во кое се презема одговорност.
„Минатата недела нашите разузнувачи добија информации за патување на Путин во индустрискиот парк Руднево. Во рамки на тоа, полета наш дрон дрон камиказа, кој мина низ целата противвоздушна одбрана на Руската федерација и се урна недалеку од индустрискиот парк“, се вели во писмото.
Неколку руски приватни медиуми ја објавија веста за падот на УЈ-22 во близина на селото Вороского, источно од Москва.
Снимките покажуваат дека дронот носел 30 експлозивни блокови Ц4, со вкупна тежина од 17 килограми.