Во руската област Брјанск во тек е заложничка криза, пренесува РИА Новости.
Портпаролот на итната помош потврди за РИА Новости дека неколку лица се заробени во продавница во селото Љубечан.
Се истражуваат околностите и идентитетот на напаѓачите.
Гувернерот на регионот, Лександр Богомаз, претходно изјави дека украински диверзанти се инфилтрирале во селото и пукале во автомобил, при што убиле еден локален жител и раниле дете.
На 3 февруари, регионалните власти го продолжија „жолтото“ ниво на терористичка закана, што подразбира зголемен режим на владини специјални служби, а на граѓаните им се препорачува да бидат внимателни и да им помагаат на органите за спроведување на законот.
Руските медиуми јавуваат и дека 50 украински диверзанти ги заробиле жителите на селото Сушани, а се слушаат и експлозии и пукотници. Во близина на селото е разнесена трафостаница, велат оттаму.
Исто така, ТАСС јавува дека во тоа подрачје има мртви и ранети.
Гувернерот на Брјанската област Александар Богомаз тврди дека селото Ломаковка во округот Стародуб било изложено на минофрлачки гранатирања, во кои немало жртви.
„Селото Ломаковка во општинскиот округ Стародубски беше изложено на минофрлачки гранатирање. Од гранатирањето нема жртви, оштетени се две домаќинства“, изјави гувернерот.
Службите за итна помош се на терен, пренесува РИА Новости.