Уште една граѓанска акција против скапотијата – вакви цени на храната нема ни на Запад

Граѓаните на Босна и Херцеговина преку социјалните мрежи се повикуваат на 31 јануари да ги бојкотира продавниците, бензинските пумпи, кафулињата и рестораните, како израз на незадоволство од високите цени и нискиот животен стандард.

Апелот уследи по успешната граѓанска акција во Хрватска.

Иницијаторите на акцијата апелираат граѓаните на 31 јануари ништо да не купуваат и да не ги посетуваат рестораните.

Advertisements

На социјалните мрежи граѓаните на БиХ тврдат дека цените на храната во земјата се многу повисоки од оние во западните држави, а трошоците за домување се неподносливи.

Иницијаторите на бојкотот посочуваат дека целта на акцијата е да се изврши притисок врз властите и работодавците да преземат конкретни мерки за намалување на инфлацијата, зголемување на минималната плата и подобрување на севкупниот животен стандард на граѓаните.