Вашингтон ќе стави вето за прием на Палестина во ОН

Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател, како што јави МИА, потврди дека Вашингтон ќе стави вето на вечерашното гласање во Советот за безбедност на Обединетите нации за барањето на Палестина за полноправно членство во Светската организација.

За време на брифингот со новинарите, Пател рече дека нема едногласно мислење меѓу членовите на комитетот за тоа дали Палестинците ги исполнуваат критериумите неопходни за да бидат дефинирани како држава и истакна дека палестинската управа „мора да помине низ значајни реформи за да може да преземе државни одговорности“.

Advertisements

Администрацијата на претседателот Џо Бајден долго време се спротивставува на палестинските напори за еднострано обезбедување статус на државност во ОН, тврдејќи дека целта треба да се постигне преку директни преговори со Израел.