Халил Бајрамовиќ, претседател на НИП на Унско-санскиот кантон во Босна и Херцеговина, е еден од актерите во инцидентот што се случил вчера во хотелот „Холидеј ин“ во Сараево, каде дошло до физичка пресметка меѓу него и советникот на премиерот на УСК, Сулејман Самарџиќ.
По физичката пресметка објавено е видео на кое се гледа како Халил Бајрамовиќ физички го напаѓа Сулејман Самарџиќ.
Халил Бајрамовиќ за порталот „Аваз“ демантираше дека имало конфликт и рече дека дезинформацијата ја рашириле „ботови на НЕС“ и премиерот на УСК Мустафа Ружниќ.
Advertisements
Bajramović udara Samardžića pic.twitter.com/VThRKgNoom
— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) March 14, 2023
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
Оланд: „Трамп не подготвува мир, туку капитулација на Украина“
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ - Илон Маск го исмејува Зеленски
„Мета“ треба да плати 800 милиони евра казна поради нефер услови на пазарот за социјални м...
Специјален претставник именуван од Трамп ќе преговара за завршување на војната во Украина