(ВИДЕО) Драма над Балтичкото Море – руски борбен авион пресретна американски стратешки бомбардери

Руското министерство за одбрана тврди дека еден Су-35 пресретнал два стратешки бомбардери Б-52 кои летале кон границите на Русија.

„Радарски објекти на силите за противвоздушна одбрана на Западниот воен округ на должност над Балтичкото Море на 20 март открија две воздушни цели кои летаат во правец на државната граница на Руската Федерација“, објави руското министерство на Телеграма.

Се вели дека целите биле стратешки бомбардери на американските воздухопловни сили B52H, а борбен авион Су-35 полетал во воздух за да спречи нарушување на границата.

Advertisements

Во соопштението се додава дека „откако странскиот воен авион се оддалечи од државната граница на Руската Федерација, рускиот ловец се врати на аеродромот во својата база“.

Тензиите меѓу Вашингтон и Москва се влошија откако руски авион пресретна американско беспилотно летало над Црното Море.